Правилник

Со правилникот за работа се утврдуваат условите и начинот на вршење надзор над непрописно запрени или паркирани возила и условите и начинот на блокирање, отстранување и преместување на непрописно запрени и паркирани возила, хаварисани и напуштени возила од јавни сообраќајни и други јавни површини и чување на истите на подрачјето на Општина Кавадарци.

Надзор над непрописно запрените или паркираните возила и условите и начинот за отстранување, преместување на непрописно запрени и паркирани возила, хаварисани и напуштени возила и чување на истите на подрачјето на Општина Кавадарци врши Јавно Претпријатие за јавни паркиралишта “Паркинг Кавадарци“ Кавадарци.
Надзорот како и блокирањето, одстранување и преместување на непрописно запрени или паркирани возила и приколки, хаварисани и напуштени возила го врши Јавното Претпријатие за јавни паркиралишта “Паркинг Кавадарци“ Кавадарци и тоа:
1. Јавни сообраќајни површини:
-тротоари, јавни паркиралишта, пешачки и велосипедски патеки, плоштади, кејови, јавни пазаришта и други јавни сообраќајни површини:
2. Други јавни површини:
– улични тревници, подигнато зеленило, паркови, рекреативни и други неуредени површини.

БЛОКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА

Непрописно паркираните возила може да се блокираат по налог на овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи  – сообраќајна полиција односно комунален инспектор.

Се блокираат возила за кои нема извршено уплата за користење на паркинг простор кој што влегува во зонско паркирање, а кои се паркирани повеќе од 10 минути, и истите ќе бидат блокирани од страна на службените лица на давателот на услугата – ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ.

Блокирање на возилата се врши со соодветно направи (лисици, блокатори на тркала) кои се поставуваат на возилото, најчесто на тркалата на возилото или пред или зад возилото.

Да се блокира можат непрописно запрени или паркирани патнички автомобили непрописно запрени или паркирани автобуси, теретни возила, теретни возила, работни машини и приклучни возила.
Освен возилата од претходниот став, а заради неможноста за ефикасна наплата на паркинг карта, може да се блокираат и возилата со странски регистарски таблички, ЗООЛ таблички, возила без регистарски таблички и возила за кои е издадена две или повеќе дневни паркинг карти а истите не се платени.

Блокирањето на возила не е дозволено во случаите предвидени со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата за кои е предвидено нивно задолжително преместување.

На возилото на кое ќе биде поставено средство за блокирање, ќе биде прикачено писмено известување во форма на налепница со предупредување за сопственикот или корисникот на возилото, да внимава бидејќи на возилото е поставено средство за блокирање, со упаство за понатамошно делување.

Покрај Предупредувањето, Известувањето содржи и телефонски број на кој сопственикот или корисникот на возилото се повикува да се обрати како би му било отстрането средството за блокирање со објаснување “доколку за 60 минути од моментот на поставувањето на средството за блокирање, не се јавите за деблокирање, Вашето возило ќе биде преместено со помош на специјално возило – Пајак“ Освен телефонскиот број испишано е и работното време и адресата/седиштето на јавното паркиралиште.

Трошоците за блокирање и деблокирање ги сноси сопственикот или корисникот на возилото.
Возилото ќе се деблокира откако сопственикот или корисникот на возилото ќе ја плати цената на услугата за паркирање на јавните паркиралишта, односно издадените дневни паркинг карти и трошоците за блокирање и деблокирање, односно по доставениот доказ за извршената уплата на цената за паркирање на јавното паркиралиште, односно дневните паркинг карти и трошоците за блокирање и деблокирање.

Доколку по поставувањето на средството за блокирање, сопственикот или корисникот на возилото не побара истото да биде отстрането бо рок од 60 минути од моментот на постаување на истото, возилото со специјално возило Пајак ќе биде транспортирано на јавното паркиралиште-депо.
Во тој случај, сопственикот или корисникот на возилото, покрај обврските за трошоци за блокирање и деблокирање ќе треба да ги надомести и трошоците за отстранување и преместување на возилото со специјално возило Пајак.

ЗАПУШТЕНИ ВОЗИЛА

Запуштено, дотраено нерегистрирано или технички неисправно возило се отстранува по налог на овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи-сообраќајна полиција, односно комунален инспектор.
Трошоците за отстранување и преместување на возилото, трошоците за огласување на возилото, проценка на вредноста на возилото, складирање и чување на возилото на отпад, ќе ги сноси сопственикот на возилото во евиденција на МВР или на друг начин.

ОТСТРАНУВАЊЕ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА НЕПРОПИСНО ЗАПРЕНИ ИЛИ ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА, ХАВАРИСАНИ И НАПУШТЕНИ ВОЗИЛА

Отстранување и преместување на непрописно запрени или паркирани возила, хаварисани и напуштени возила врши ЈП за јавни паркиралишта „Паркинг Кавадарци “ Кавадарци.

Налог за отстранување и преместување на непрописно запрено или паркирано возило, хаварисано и напуштено возило во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за јавна чистота издава овластено службено лице при МВР – сообраќајна полиција односно комунален инспектор.
Пред да отпочне со постапката за отстранување или преместување на непрописно и неправилно паркирно возило, местото и положбата на возилото се утврдува со фотографија или видео запис.
Фотографијата или видео записот се сотавен дел на Налогот за отстранување или преметување на возилото.
Прекршок за непрописно запирање или паркирање на возило може да се утврди и со помош на видео надзор или со пренос на фотографија по електронски пат без присуство на овластено лице.
Образецот – Налогот за отстранување или преместување на возилото може да се издаде во електронска или печатена форма.

Приговор против Налогот за отстранување или преместување на возилото се поднесува во рок од 8 дена од денот на превземањето на возилото.
Приговорот не ја одлага наплатата на трошоците за преместување и чување на возилото.

Пред подигањето и отстранувањето и преместувањето на непрописно запрено или паркирано возило, овластените лица кои вршат отстранување и преместување на возилото, должни се да го прегледаат и да ги утврдат евентуалните претходни оштетувања.
Доколку се утврдат оштетувања на возилото, истите ке се фотографираат и ќе се наведат во налогот за отстранување или преместување на возилото.

ЈП за јавни паркиралишта “ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ “ Кавадарци е должно при превземање на отстранетото возило од страна на сопственикот или корисникот да состави Записник за превземање на возила.
Во записникот за превземање на возилото се внесува:
Бројот на налогот за отстранување или преместување на возилото;
Спецификација на трошоците за отстранување и преместување или трошоците за започнато отстранување и преместување, трошоците за привремено чување на возилото, како и констатација дека возилото се предава неоштетено, односно ако на возилото при преместувањето настанало оштетување.
Записникот го потпишува сопственикот или корисникот кој го превзема возилото и овластеното лице од ЈП за јавни паркиралишта „ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци.
Во случај на констатирано оштетување на возилото настанато при преместување или отпочнување на преместувањето на возилото, сопственикот на возилото има право да поведе постапка за утврдување и надомест на штета.
На сопственикот или корисникот на возилото ќе му се издаде Записникот за превземање на возилото, откако ќе изврши плаќање на трошоците за преместување или отпочнување на преместување на возилото, на лице место или на јавното паркиралипте-депо.

Трошоците за отстранување и преместување на возилото ги сноси сопственикот или корисникот на возилото.
Сопственикот односно корисникот на возилото за кое е издаден Налог за отстранување или преместување на возилото, должен е да плати 50% од надоместокот од став 1 на овој член, заради трошоци за доаѓање на специјалното возило, кога е започнато, а не е довршено, отстранувањето или преместувањето на возилото.
Се смета дека отстранување и преместување на возилото е започнато кога е издаден Налог за отстранување или преместување на возилото и кога специјалното возило -пајак дошло на место каде што се наоѓа возилото што се преместува, се додека специјалното возило-пајак, не го напушти местото од кое возилото се отстранува и преместува.

Кога возилото се преместува врз основа на наредба од Министерството за внатрешни работи од безбедносни причини, при преместувањето на возилото сопственикотќе биде ослободен од надоместок за трошоци за отстранување и преместување на возилото, а при превземањето на возилото се составува Записник за превземање на возилото, односно одредбите од член 15 на овој Правилник.

Кога отстрането и преместено возило не е превземено во рок од 8 дена од денот кога е извршено преместувањето, ЈП за јавни паркиралишта„ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ” Кавадарци е должно за извршеното преместување уредно да го изврши сопственикот или корисникот на возилото.

Доколку сопственикот или корисникот на возилото во рок од ЗО(триесет) дена од денот на приемот на уредно доставеното известување за отстранување и преместување на возилото не се јави за да го побара своето возило од ЈП за јавни паркиралишта„ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ” , возилото во присуство на овластеното лице од Министерството за внатрешни работи или комунален инспектор, во зависност од тоа кој го издал налогот , со Записник ќе му биде вратено при што сопственикот или корисникот на возилото ќе биде задолжен да ги надомести сите настанати трошоци согласно Ценовникот на услутите за блокирање и преместување на непрописно запрени и паркирани возиладаварисани и напуштени возила и чување на истите донесен од ЈП за јавни паркиралишта„ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ“.

Во спротивно ќе се смета дека тој на неспорен начин ја изразил својата волја , дека возилото не го смета за своја сопственост.Во ваква ситуација ЈП за јавни паркиралишта„ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ” не сноси никаква одговорност за судбината на возилото.

Составен дел на овој Правилник е и Ценовникот на услугите за блокирање и преместување на непрописно запрени и паркирани возила , хаварисани и напуштени возила и чување на истите на подрачјето на Општина Кавадарци.

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето а ќе се применува по добиена согласност од Советот на Општина Кавадарци.