Информации од јавен карактер

Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ЈП ПАРКИНГ Кавадарци за службени лица за посредување со информации ги определи лицата: Душанка Петкова и Љубица Димитриев.
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер изготвена од страна на ЈП ПАРКИНГ Кавадарци со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на ЈП ПАРКИНГ Кавадарци или да го симнат ОВДЕ.

Граѓаните можат да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на телефон: (043) 400 505 и (075) 268 314 и на следниве мејл адреси [email protected] и [email protected] .